145 години од раѓањето на Крсте Петков Мисирков

Д-р Крсте Петков Мисирков бил роден во Постол, Егејска Македонија на 18 ноември 1874. Тој бил македонски филолог, кодификатор на македонскиот литературен јазик и правопис, славист, историчар, етнограф, аналитичар на национално-политичките проблеми, публицист, собирач и проучувач на македонското народно творештво. Тој е и автор на првата книга и првото списание на современ македонски јазик, основоположник и активен учесник во македонските научно-литературни и национално-политички друштва во Белград, Санкт Петербург, Одеса и Софија, раководител на ТМОК и личност на македонскиот 20 век.

По завршувањето на учителската школа Мисирков се здобил со служба во Приштина. Но, наместо да се појави на своето работно место, Мисирков тајно се префрлил во Одеса. Таму не му го признале образованието. Така, Мисирков бил принуден да се запише во духовна семинарија во Полтава и дури по две години да започне со студирањето: отпрвин на Медицинскиот факултет во Петродонски Словен.

Крсте Мисирков му бил соработник на научникот Петар Лавров. Тој ја жртвувал својата универзитетска кариера. Го напуштил Петроград, добил служба во Битолската гимназија, во која се вработил како егзархиски професор. Во Битола се сретнувал со рускиот конзул Александар Ростковски, кој бил познат како заштитник на рајата.

Во текот на Првата балканска војна тој бил воен дописник од фронтот во јужна Македонија. за време на Втората балканска војна веќе бил назад, во Кишињев на професорска должност. Во 1913 година Македонската колонија од Петроград започнала да го издава списанието „Македонский голос“.

Крсте Мисирков во Битола работел врз планот за отворање на македонски училишта. Токму во тоа време избувнува и Илинденското востание, во кое Мисирков не учествувал лично. Подоцна во Русија тој го образложил своето отсуство од Илинденското востание со откривање на причините за неуспех на востанието. Во Русија развил широка активност, пред сè публицистичка, работејќи над текстовите од својата книга на која и дал наслов За македонцките работи, како и над некои ракописи за учебници.

Книгата „За македонцките работи“ била испечатена во 1903 година во Софија, тогашно Кнежество Бугарија, и била печатена во т.н. „Либерален клуб“. Самата книга има над 120 страници и поделена на пет дела и предговор. Четири од петте поглавја се всушност и говори кои Мисирков ги читал на состаноците на македонскиот литературен кружок во Русија. Списанието „Вардар“ е првото списание за наука, литература и политички прашања исцело на македонски јазик со редактор Крсте Мисирков што го печатил 1905 година во Одеса. Излегло во еден единствен број.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *