14 годишната Матеја Владимирова влезе во составот на сениорскиот тим на ЖКК Баскет Кам

Младата Матеја Владимирова во дресот на сениорскиот тим на ЖКК Баскет Кам

Одличните игри и постигнатите резултати во младинските лиги ја носат 14 годишната Матеја Владимирова од Македонска Каменица во сениорското друштво на шампионскиот тим од Македонска Каменица. Во составот на ЖКК Баскет Кам е најмлад играч, но со своите 179 cm височина, таа ќе даде огромен придонес во играта на крилната позиција.

Со својот талент и дисциплина на теренот, Матеја предничи со играта и во составот на репрезентацијата на Македонија до 14 години. Бележи одлични настапи и на натпреварите од ФИБА проектот одржан во Турција, каде учествуваше репрезентацијата на Македонија до 14 години.

Посветеноста на ЖКК Баскет Кам во младинската школа во континуитет дава одлични резултати. Оваа натпреварувачка сезона ЖКК Баскет Кам учествува во сите 4 младински категории (М12, М14, М16, М18), што е одлична можност за младите кошаркарки од Македонска Каменица да учествуваат во младинските првенства на Македонија.

Матеја, честитки!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *