13-ТИ САЕМ НА КНИГА ВО КОЧАНИ

15 издавачки куќи се дел од 13-иот Саем на книга, во организација на кочанската библиотека „Искра“. На истиот, се нудат околу 1.300 различни наслови, а за продажба се спреми околу 5.000 примероци од истите :

„Интересот за саемот во нашиот град е голем, уште пред да се отвори прашуваа кога ќе биде. Имаме најавено посета од повеќе основни училишта“, кажа Марија Анастасова, библиотекар.

На Саемот се нуди литература за сечиј вкус, но и за секоја возраст :

„Има книги за возрасни, психолошки книги, нудиме и романи, а секако нудиме и детска литература“, вели Олгица Захариева, извавачка куќа Топер.

„Нашата палета изданија се за најмладата генерација од 3 – 6 години. Нудиме сликовници, боенки и енциклопедија по промотивни цени“, кажа Михајло Маказлиев, издавачка куќа Едука Мак.

Заинтересираните читатели, можат да го посетата Саемот до сабота, во период од 10 до 18 часот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *