Македонска Каменица: Започна новогодишното украсување на градот

Започна новогодишното украсување на Македонска Каменица. Надлежните служби на општина  Македонска Каменица започнаа со новогодишно украсување на градот. За таа цел, ангажираните екипи на ЈП Камена Река веќе поставуваат најразлични видови на новогодишни светилки и украси во поширокиот дел на централното градско подрачје. Одговорните служби најавуваат посебен новогодишен декор на градскиот плоштад, каде веќе е поставена новогодишна елка и поголем број на новогодишни украси.

Покрај досегашните светлечки ефекти, за предвиденото украсување на градот, се набавени и додатни најразлични новогодишни светилки и украси, се со цел граѓаните на Македонска Каменица новогодишните празници да ги поминат во прекрасен празничен амбиент и атмосфера. Украсувањето треба да заврши во текот на наредните денови, по што Македонска Каменица ќе го добие потребниот сјај и приказната за поубав дочек на Новата година ќе биде целосна.

ц

Leave a Reply

Your email address will not be published.