1200 денари казна ако не побарате и земете фискална сметка

УЈП се уште нема одговор колку физички лица се ДДВ обврзници и колку дополнителни приходи ќе донесе ваквата мерка. Во меѓувреме за да се наполни буџетската каса најавуваат засилен мониторинг на издавањето на фискални сметки. Стартуваат и измените во казнената политика. Пломбираниот објект ќе може веднш да продолжи со работа ако се плати казна од 5,000 евра.
– Кога УЈП ќе изрече забрана за вршење на објектот поради неиздавање фискални сметки  – на даночниот обврзник му се овозможува да продолжи со работа пред истекот на времената забрана за вршење на дејност ако ја плати глобата. Ако обврзникот ја плати глобата за време на траење на изречената забрана за вршење на дејност, треба да поднесе барање до УЈП и да приложи доказ за платена глоба. Во тој случај, УЈП ќе го отпечати деловниот простор и ќе му дозволи на обврзникот да продолжи со вршење на дејност.
Казни се предвидени и за купувачите. Ако не ја чуваат фискалната сметка до 15 метри од објектот, ќе платат глоба од 20 евра.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *