12 месеци во годината за 12 идеални дестинации за патување

Доколку сте искусен патник сигурно веќе знаете дека во омилената дестинација која сакате да ја посетите не се тргнува баш така, во било кое време од годината, зашто секој град и секоја дестинација си има свое најубаво време за посета.

Инспирирајте се од следниве предлози, и патувајте!

pat-4

Јануари – Шри Ланка

Додека некои заминуваат на скијање, паметните туристи заминуваат на Шри Ланка. Последниве неколку сезони е многу популарна, а нуди одлична можност за активен и „мрзелив“ одмор.

pat-amst

Февруари – Амстердам

Најубав е во вториот месец од годината, па ви препорачуваме едно кратко патување во Амстердам во инаку здодевниот февруари. Возење по каналите, разгледување на музеи и истражување на градот може да бидат дел од еден извонреден продолжен викенд.

Март – Париз

Париз е секогаш добра идеја. Почетокот на пролетта ќе донесат доволно топли температури за да можете долго да шетате низ градот, но и навреме да се повлечете во интересните музеи доколку застуди.

pat-2

Април – Јапонија

Велат дека Јапонија е најубава на пролет за време на сезоната на цутењето на црешите.

Мај – Бали

Пред мај не се оди во Бали зашто дотогаш трае дождовната сезона. Во мај Бали е посебно доживување поради сите свои бои и миризби.

po1

Јуни -Португалија

Прошетајте ја Португалија додека сеуште не е прежешко и нема премногу туристи. Идеален месе? Се разбира, јуни. Температурите се благи и може да се излежувате на плажа и да се капете, а цените се пониски во јуни.

Јули – Грција

Се согласуваме дека е гужва, дека голем број на туристи ја посетуваат Грција во јули, но плажите и морето се најубави токму во овој месец, а храната е одлична.

pat-gl

Август – Италија

Познато е дека Италијанците одат на „колективен“ одмор во август, па добра идеја е да им се придружите во нивната земја и тоа во популарните туристички дестинации како Чинкве тере, Амалфи, Капри или на Сицилија.

Септември-Стокхолм

Време е за уживање во северните земји, а Стокхолм е прекрасен во раните есенски денови додека сеуште може да искористиме уште малку сонце за излежување на тревите и истражување на градот.

pat-5

Октомври – Берлин

Пред сосема времето да залади, искористете ги деновите за истражување на убавиот Берлин.

pat-3

Ноември – Тајланд

Бегајќи од зимата која ве пресретнува, многу патници го избираат Тајланд каде токму во ноември почнува најпријатното време за посета, кога нема дождови и кога температурите сеуште не се превисоки.

pat-vie

Декември – Виена

Виена е најубава за време на празничната сезона кога градот е елегантно накитен а атмосферата е волшебна.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *