Џез верзија на „Рејдиохед“ во Македонска Филхармонија

На 30-ти ноември во големата сала на Македонската филхармонија во 20 часот, Биг-Бендот на Здружението на џез-музичари на Македонија, ќе ги изведе најдобрите теми на една од најпопуларните групи на сите времиња – „Рејдиохед“.

Станува збор за маестрален проект под наслов „RADIOHEADJAZZ!“ со уникатна содржина – џез-верзии на песните на британската алтернативна рок-група „Рејдиохед“ – група која од своето постоење до денес, изврши огромно влијание на повеќе генерации музичари ширум светот, група која донесе прогресивен, иновативен, моќен звук.

И овој пат, зад диригентскиот пулт со Биг-Бендот на ЗЏМ, ќе застане врвниот Зиги Фајгл од Австрија, познат на македонската публика од неговите досегашни фантастични настапи со овој ансамбл.

  • целиот текст прочитајте го на cooltura.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *