ЌЕ СЕ СЛУЧИ ЛИ ФИЈАСКО? ЌЕ ОСТАНЕ ЛИ ПОЛА СТАДИОН НЕПРОДАДЕН?

Иако навивачите на Вардар долго чекаа нивниот миленик да се пласира во групната фаза од некое од натпреварувањата на УЕФА, што годинава конечно им се оствари, сепак за денешниот дуел со Зенит од првото коло од Лигата на УЕФА, стадионот може да зјае полупразен!

На неполни осум часа пред стартот на мечот, непродадени се точно 15.985 билети. Што е рамно на фијаско. Дури иофицијалниот веб сајт на Зенитобјави дека на стадионот не се очекуваат повеќе од 20 илјади гледачи, што дури би било и премија со оглед на тоа како се одвиваат работите.

ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ: Билетите за Мундијалот во Русија од 88 до 917 евра

Управата на Вардар се пофали дека продала околу 4.000 блок влезници, но од таму нема абер за тоа како оди продажбата на регуларните билети за Зенит, освен тоа што може да се собере одсајтот Тикетплус, овластениот продавач на картите на Вардар.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *