Ќе се решава проблемот со недостигот на кадар во Итната медицинска помош во Македонска Каменица

Брзата помош во Македонска Каменица има еден тим помалку од потребното. Фалат и лекари и друг медицински персонал. Ова денеска како акутен проблем му беше посочен на државниот секретар за здравство Владимир Милошев, од кого беше побарано итна интервенција и решавање на проблемот:

„Од предвидените четири тимови има активни три, а недостасува доктор, исто така недостасува и помошен персонал којшто мининстерството за здравство е подготвено да даде согласност за вработување“ изјави Владимир Милошев, државен секретар за здравство

Иако во моментов, специјалистичкиот кадар во Делчевскиот Здравствен дом не е алармантен проблем, тоа може да биде за  година или две година , зашто лекарите специјалисти се пред пензија .

Оттука, од Здравство се бараат специјализации особено во делот на интерната медицина и неврологија:

„Возрасната границиа е многу висока, односно сите се пред пензија разговаравме со државниот секретар за специјализијации кои ќе бидат потребни за оваа година“ изјави Марија Глигорова, дир. на Здравствен дом – Делчево

При денешната посета на Здравствениот дом Делчево, државниот секретар Милошев се запозна и со условите во кои работат овдешните здравствени работници, како и со опремата што ја имаат на располагање.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *