ЈП „Камена Река“ ја санираше направената штета врз скоро поставените корпи за ситен отпад

 

Од Јавното претпријатие Камена Река од Македонска Каменица изјавуваат дека „скоро поставената урбана опрема е уништена од несовесни граѓани. Направените оштетувања врз дел од поставените корпи за отпадоци во приградските делови на Македонска Каменица се веќе санирани и истите веќе се вратени на место“.

Упатуваат апел до граѓаните, да се воздржат од дејствија со кои ја оштетуваат поставената урбана опрема. Со тоа нанесуваат дополнителен трошок на сите граѓани и создаваат негативни имплилкации врз буџетот на претпријатието и општината.

Ваквата појава можеме да ја окарактеризираме како честа, бидејќи во изминатиот период покрај уништените млади садници и цвеќиња, при поставувањето на попатни клупи во билзина на Калиманско Езеро, истите исцезнаа по само неколку часа, – дополнуваат од ЈП „Камена Река“ Македонска Каменица

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *