ЈП КАМЕНА РЕКА: Со редовно и темелно чистење на системот за водоснабдување каменичани добиваат здрава и чиста вода за пиење

Македонска Каменица, 10.08.2020 година – ЈП „Камена Река“ го заврши чистењето и целосната замена на филтерските слоеви на зафватот за вода за пиење, Горештица. По ова, продолжуваат активностите за целосно чистење на системот за водоснабдување во Македонска Каменица.

Изминатите денови, искористувајќи ги поволните временски услови, извршивме темелно чистење и на резервоарите за вода од системот. Ваквите активности, ќе придонесат граѓаните да добијат почиста и вода за пиење со подобрен квалитет, а истовремено се зголемува и капацитетот на истата, – изјавуваат од ЈП Камена Река.

Надополнувајќи дека, како претпријатие задолжено за снабдување со квалитетна вода за пиење на домаќинствата и константно одржување на водоводната мрежа и изворите на вода, Камена Река и во иднина ќе продолжи со редовните активности потребни за овозможување на наведените потреби на граѓаните на опшина Македонска Каменица.

Ова е прва активност која се спроведува по изградбата на зафатот за вода. Претходно, во изминативе две години, со ваков третман беа опфатени и изворите во с. Моштица и с. Цера.

Средствата во висина од 300.000,00 денари за оваа инвестиција на општина Македонска Каменица, се издвоени од буџетот на ЈП Камена Река.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *