Денес вработените во ЈП ,,Камена Река” активно работеа на цветно-декоративно разубавување на општина Македонска Каменица и тоа со едно од најубавите есенски цвеќиња популарно наречената есенска кралица – хризантема. И оваа есен во расадникот на ЈП ,,Камена Река” има доволно повеќегодишни и едногодишни цвеќиња за разубавување на зелените површини низ општина Македонска Каменица. Во текот на наредните недели вработените ќе бидат на терен и ќе засадат околу 5000 цвеќиња од неколку различни видови и во најразлични бои, се со цел цветно-декоративнио разубавување на Општината.