ЈП Камена Река започна со редовно чистење на оџаците во колективните живеалишта во Македонска Каменица

Македонска Каменица, 25.09.2020 година – ЈП “Камена Река” ги известува граѓаните станари во колективните живеалишта во општина Македонска Каменица, дека од понеделник, 28.09.2020 година, започнува редовното чистење на оџаци. Станува збор за редовна пракса, која ЈП Камена Река ја врши секоја година, пред почетокот и после завршувањето на грејната сезона.

Ова е постапка со која се обезбедува поголема безбедност и елиминирање на можноста од појава на пожари предизвикани од запалување на оџаците во колективните живеалишта во текот на грејната сезона.

Од ЈП Камена Река апелираат до граѓаните за строго придржување кон Куќниот ред за станување во колективни живеалишта, како и навремено пријавување на проблеми со чистотата и исправноста на оџаците, без преземање на било какви чекори без известување до претпеијатието или ТППЕ Македонска Каменица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *