ЈП Камена Река започна со пролетно уредување на дрворедите во Македонска Каменица

Македонска Каменица – Екипите на Јавното претпријатие “Камена Река” од Македонска Каменица започнаа да работат на редовно “пролетно” уредување на дрворедите во центарот на градот.

Во рамки на тековните активности, беа опфатени крошните на дрвјата на улица Самоилова, Осоговска и долж кејот на Каменичка Река. Надлежните известуваат дека акцијата ќе продолжи и во нареднте денови, при што ќе бидат уредени и преостанатите дрвореди од улиците и јавните површини во Македонска Каменица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *