ЈП Камена Река: Започна редовното чистење на крупната вегетација околку локалните селски патишта во општина Македонска Каменица

Македонска Каменица, 20.05.2020 година – ЈП „Камена Река“ започна со редовното чистење чистење на вегетацијата околу локалните селски патишта во општина Македонска Каменица.
Денес, започнавме со чистење на околупатната обрасната вегетација кон село Косевица, а со истите активности, во наредниот период, ќе продолжиме и на останатите локални асфалтни патишта од сите селски средини –
изјави Влатко Андоновски, директор на ЈП Камена Река – Македонска Каменица.

Со ова, општина Македонска Каменица преку активностите на ЈП Камена Река продолжува активно да работи на подобрувањето на квалитетот на живот во селските средини. Конкретно, со отстранувањето на крупната вегетација покрај локалните патишта значително се подобрува прегледноста и пред се безбедноста во сообраќајот. Мулчерот, кој го набавивме минатата година , интензивно го користиме на сите комунални површини, јавно зеленило. Истиот постојано го користиме за уредување на напуштени подрачја, каде се уредува обрасната трева и крупни растителни остатоци – додава Андоновски.

ЈП Камена Река и општина Македонска Каменица, минатата година за набавка на градежниот-алат мулчер издвоија 315.000,00 денари со вклучен ДДВ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *