ЈП „Камена Река“ донираше цветен анражман за потребите на детската градинка во Македонска Каменица

Македонска Каменица, 22.05.2020 година – Како што стои во објавата на фејсбук страната на ЈОУДГ „Бамби“, денес од страна на ЈП Камена Река Македонска Каменица е дониран цветен анражман за потребите на детската градинка.

Од детската градинка Бамби дополнуваат дека продолжуваат со хортикултурното уредување на цветната градина во објектот, со напомена дека при извршувањето на задачите и активностите за одржување на чиста и убава животна средина, во целост се почитуваат мерките за заштита од заразата со Ковид 19.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *