ЈП Камена Река воведува забрана за пристап на неовластени лица до градската депонија во Македонска Каменица

На градската депонија во Македонска Каменица, во тек се активности за доуредување и воспоставување на систем за поголема контрола врз истата.

Според директорот Влатко Димитровски, “проектот опфаќа дооградување на просторот и забранет слободен влез за неовластени лица на депонијата”.

Почнувајќи од денес, додава Димитровски, “граѓаните надвор од работното време на овластеното лице, ќе можат да одложат отпад на депонијата исклучиво со претходна најава на телефонскиот број 071 703 369″.

“На овој начин, воспоставуваме контрола врз градската депонија, со минимизирани проблеми, како што се палење на отпадот, носење на истиот надвор од депонијата и депонирање на отпад без критериуми, во и надвор од истата”, – додава Влатко Димитровски

Оваа активност е во рамки на Програмата за работа на ЈП Камена Река и во напорите на локалната самоуправа за почист град. Иницијативата доаѓа како резултат на честата реакција од граѓаните, за загрижувачката состојба на депонијата, како извор на бројни зарази и штети по здравјето на жителите на Македонска Каменица, пред се поради секојдневното присуство на неовластени лица на истата.

Проблемот беше една од темите на дискусија и на последната Седница на Советот на општина Македонска Каменица, каде присутниот директор на ЈП Камена Река, Влатко Димитровски, во рамки на расправата за Програмата за чиста животна средина на општина Македонска Каменица, ја најави активноста како приоритет и нужност во работењето на претпријатието.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *