ЈП КАМЕНА РЕКА: АПЕЛ ЗА РАЦИОНАЛНО КОРИСТЕЊЕ НА ВОДАТА

Јавното претпријатие Камена Река – Македонска Каменица апелира до каменичани рационално и внимателно да ја користат водата во деновите со екстремно високи температури. Особено да се избегнува непотребно трошење на водата за полевање на градинарски насади, паркови, бавчи и ниви.

Врз основа на податоците на Управата за хидрометеоролошки работи од каде се најавуваат високите температури кои деновиве ќе достигнат и над 40°C, како и податоците  на ЈП Камена Река за зголемена потрошувачка на водата, апелираме до граѓаните на Македонска Каменица за совесно и рационално користење и употреба на водата. Во моментов, постоечките количини на вода се доволни за секојдневни потреби на граѓаните, но апелираме истата да се користи за основни потреби и целосно да се избегнуваат горенаведените активности за време на топлите денови.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *