Јавното претпријатие „Камена Река” ќе ги наградува редовните плаќачи на комунални такси за услуги

Јавното претпријатие „Камена Река” од Македонска Каменица и оваа година преку наградна игра ќе ги наградува сите свои корисници кои редовно ја плаќаат комуналната такса. Директорот на ЈП „Камена Река“, Влатко Димитровски информира дека, „право на учество во наградната игра имаат сите оние корисници кои ја имаат подмирено комуналната такса заклучно со декември 2021 година и тоа најдоцна до 31 јануари 2022 година“.

  • „Фондот на награди и годинава е сличен како и во претходните години. Првата награда е телевизор, втората е микробранова печка, а третата награда е тримесечна комунална такса за услуги. Наградната игра има симболичен карактер и претставува еден вид мотивација за корисниците на нашите услуги редовно да ги плаќаат сметките“, рече Димитровски.

Додаде дека пред секоја наградна игра редовноста на плаќањето на сметките за комунални услуги се зголемува за неколку проценти.

  • „Искуството од претходните години покажува дека со воведувањето на наградната игра наплатата постојано се зголемува. Во моментов изнесува околу 90 %, а очекуваме истата да достигне над 95 проценти“, додава Димитровски.

Димитровски ги повикува граѓаните на општина Македонска Каменица и сите корисници со подмирени сметки, заклучно со месец Декември 2021 година, да повелат и лично да присуствуваат на извлекувањето, кое со почеток од 12:00 часот, на 16.02.2022 година, ќе се одржи во кругот на Јавното претпријатие.

Сите детали за Наградната игра ОВДЕ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *