ЈАВЕН ПОВИК ДО ЛОКАЛНИТЕ УГОСТИТЕЛИ ЗА УЧЕСТВО НА МАНИФЕСТАЦИЈА „КАМЕНИЧКО КУЛТУРНО ЛЕТО 2018“

Културно-информативен центар „Романса“ и општина Македонска Каменица и оваа година традиционално ќе ја организираат манифестацијата „Каменичко Културно Лето 2018“. Оваа манифестација се организира за одбележување на 28-ми август – Ден на општината и Ден на рударите.

Цел на  манифестацијата е да се придонесе кон поголема афирмација и промоција  на  општина Македонска Каменица како значајна туристичка и културна дестинација, но истовремено е од огромно значење за поттикнување на угостителскиот сектор, малите и средните компании од прехранбениот сектор, локалното земјоделство и пчеларство, пред потенцијалните потрошувачи не само од Македонија, туку и од соседните земји.

Оваа година манифестацијата ќе се одржи во  периодот од 26-ти до 29-ти Август со богата културно-уметничка и забавна програма.

Културно-информативниот центар „Романса“ и општина Македонска Каменица ги повикуваат сите локални угостители да се пријават за учество на манифестацијата „Каменичко Културно Лето 2018“ преку поставување на сопствени штандови и шанкови за продажба на храна и пијалоци.

Пријавувањето ќе се врши со доставување на пополнета пријава која угостителите ќе може да ја подигнат во просториите на Домот на култура во Македонска Каменица, во периодот од 17.08.2018 до 24.08.2018 година, секој ден од 9.00 до 15.00 часот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *