Што ќе се случи ако растение малтретираме со зборови во период од 30 дена?

„Малтретирање растение” е експеримент на IKEA во кој учествуваа илјадници деца со цел подигање на свеста против насилството.

За време на експериментот, IKEA постави две растенија во училиште. На едното растение постојано му биле давани комплименти и му биле кажувани  мотивирачки реченици, а другото било вербално малтретирано со зборови полни со омраза. Учениците имале задача да ја споделат нивната љубов со првото растение, а да го критикуваат второто.

По 30 дена, резултатите говорат самите – растението кое добивало комплименти било бујно и полно со живот, додека критикуваното растение почнало да се суши и да венее, а неговите листови станале жолто-кафени.

Двете растенија добивале подеднаква количина на вода и биле изложени на иста светлина. Единствената разлика, биле речениците полни со омраза и критики упатени кон едното растение и убавите зборови кои му биле кажувани на другото, во циклус од 30 дена. На крајот од експериментот, импресивните резултати говорат самите за себе.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *