Мора да бидете свесни дека истегнувањето и потпукнувањето на вратот не доведува веднаш до артритис и други сериозни болести.
Многу луѓе ја имаат оваа навика и уживаат во неа бидејќи потпукнувањето на вратот и рбетот ги опушта.
Потпукнувањето во вратот е знак дека се ослободуваат гасови од синовијалната течност.
Додека ви потпукнува вратот или рбетот, се ослободува кислород, азот и јаглероден диоксид, па така се создава меур кој сам од себе пука. Тоагаш доаѓа до привремено олеснување.
Иако ова може да доведе до разни болести, артритисот не е една од нив. Доналд Л Угер 30 години ја потпукнувал едната рака, за да ја разреши оваа општо позната мистерија за артритисот.
Доколку ви потпукнуваат вратот, рамењата или рбетот, можно е да биде нешто сериозно, па најдобро би било да појдете на лекар.