Што прават Бугарите секоја сабота во Делчево?

Купуваат овошје и зеленчук, други прехранбени производи, но и овде ги средуваат забите, фризурите, седнуваат во кафеана. Сабота е ден кога Делчево станува претесено за жителите на бугарскиот град Благоевград, но и Софија. Како Гевгелија на југот, која ги пречекува Грците од северниот дел на Грција. Се наоѓаат на 15 километри оддалеченост и ако порано Македонците полнеле автомобили во Бугарија сега тоа е обратно. Практиката почнала од поодамна, но сега добива на интензитет.

Тезгите се поставени уште во 9 часот

„За нас е добро што нема европски стандарди и забрани. Луѓето тука не се богати, но и не се посиромашни од нас. Секогаш се насмеани и позитивно настроени. Има некакво спокојство и ние, Бугарите, чувствуваме тука носталгичност кон едно минато време“, ни раскажува Бојчо Стојанов од Благоевград, кој честопати доаѓа во Делчево.

Прво поминува низ зеленчуковата берза, а потоа седнува со пријателите да касне плескавица или стек во најпопуларната меѓу Бугарите  кафеана „Трла“. Таму соседите од Бугарија плаќаат и со левови.

Еден час подоцна станува претесно на пазарот

Паркингот кој е во близина на пазарот во Делчево е исполнет со автомобили со бугарски регистрации. Во очекување на Бугарите е и трговецот Стојче .

„Пред многу години купувавме сирење, кашкавал, и друга храна. Сега е обратно. Вие доаѓате кај нас. Сè уште доаѓаме во Бугарија на пазар, но за облека, за чевли. А вие сте кај  нас по  храна, бидејќи е подобра и поевтина. Со квалитет, никој не не компромитира. Сè што е вистинско, еколошко, без ѓубрива“, му вели Стојче на првиот бугарски муштерија. Зборовите му ги поддржува и Даниела од Струмица, која се грижи за 4 декари домати. Задоволна е дека го пласира производството, но тоа е затоа што е квалитетно

„Да дојдеш во Македонија и да не си купиш лубеница и кочански ориз, тоа е како да одиш во Париз а да не ја видиш Ајфеловата кула“ велат трговците кои им објаснуваат на соседите од Бугарија дека оризот што се одгледува во областа на Кочани е познат како најубав и највкусен на Балканот. Бугарите, кои со години го купуваат, исто така го фалат.

„Ако не се Бугарите, ние сме изгубени. Тие купуваат наши производи. Секоја сабота е полна со Бугари во Делчево. Многу производители и трговци од други македонски градови доаѓаат тука за да им ги продадат своите производи на Бугарите “, вели Златко Стојчев, земјоделец од Струмица. Продава лубеници за 60 стотинки за килограм, а дињите летово чинеа само 30 стотинки.

Но, најбарани во есента се пиперките. Бугарите купуваат со вреќи и велат дека се екстра- „ајвар и лутеница правиме само со македонски пиперки, овие увозните немаат вкус“ – ни рече една постара жена од Бугарија која со пријателките преку еден викенд е во Делчево.

Бугарите ги полнат и фризерските салонипоевтините пломби привлекуваат клиенти

За четири до пет лева можеш да си ја обоиш косата, велат помладите бугарски дами.

Се повеќе и повеќе Бугари практикуваат и стоматолошки прегледи во Делчево. Во саботниот ден стоматолошките ординации се отворени, а во фоајето чекаат честопати цели семејства.

“Немам идеја зошто Бугарите доаѓаат тука на забар. Колегите од Благоевград ни се лутат и не обвинуваат дека им ги земаме пациентите. Но ние не ги носиме луѓето тука насила. Тие сами доаѓаат”, вели стоматолог која има завршено стоматологија во Софија и има двојно државјанство.

„Тука е поевтино, односот е убав, уште на вратата те пречекуваат и прегрнуваат. Редовно доаѓаме тука да си ги поправиме забите. Дури станавме семејни пријатели со докторката”, признаваат бугарските граѓани.

На ручек па и вечера во кафеаните и ресторани

Сите локални кафани се преполни по 13 часот, масите се натоварени со секакви плодови од македонската кујна, а покрај саканите гости келнерите буквално летаат.

„Овој дел од саботата ми  е омилен, многу јадење,  убаво пиво и топол леб. Една човечка порција плескавица, салата, телешка чорба, пиво чини околу 10 лева“, раскажуваат задоволни и најадени Бугари.

„Две плескавици со богат гарнир – печена пиперка, помфрит, зелка, домати и краставици, големо шише минерална вода од литар и неколку парчиња тазе леб чинат не повеќе од 13 лева. Плескавицата е меѓу 3,00 и 3,20 лева, пилешкото бутче е 1,50 лева, свиски ребра се 4,20 лева, пилешки стек е 3,50 лева. Пастрмката со гарнир е под 5 лева, презла кашкавал е под 3,00 лева, пилешките крилца се речиси 4 лева. Свинска вешалица исто е поевтина од 4 лева, печени печурки се само 2 лева, сирењето на скара е 2,20 лева. 50 грама од познатата лозова ракија чини само 1,60 лева, малата домашна лозова излегува само 65 центи, што е исто и со домашната сливова ракија. Малата мастика е 1,60 лева, како и вотката и узото. Пивото е од 1.90 до 2.20 во зависност од брендот. Шише вино е од 6 лева до 17 лева. Евтини се салатите – Мешана е под 2 лева, шопска е 2,20 лева, грчката е исто 2,20 лева, голема овчарска салата е 5,10 лева, зелената салата е 1,60 лева, компирите и зелката се од Лев до 1 , 60 лева во зависност од тежината. Безолкохолното е 1,60 лева, познатата македонска газоза е 1,30 лева, литар минерална вода е 1,60 лева. Келнерите прифаќаат и бугарски железни парички“, вели Петра од Благоевград која кажува дека е чест гостин на кафеаната „Антика“.

Во сите места може да се купи и плати со левови.

 

Ирена Ставрова

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *