Што значи кога паѓате додека сонувате?

Во текот на ноќта сонуваме околу пет сонови, третина од животот поминуваме спиејќи, соништата се најчесто негативни, а кога сонуваме дека паѓаме, тоа е последица на мала парализа. Еве уште некои неверојатни факти за соништата…
 
И бебињата сонуваат
Речиси 70 отсто од животот доенчињата го поминуваат спиејќи, а половината од тоа време сонуваат. Се верува дека сонуваат за секојдневни работи како што се хранење, мириси и чувство на задоволство. Се претпоставува дека првите ноќни кошмари се јавуваат околу втората година од животот.
Секоја ноќ сонуваме по час и половина
Третина од животот луѓето поминуваат спиејќи, а во текот на ноќта имаат околу пет сонови. Соновите траат околу час и половина.
Соновите за паѓање се често последица од привремена парализа
Еден од најчестите сонови е оној за паѓање и за летање. Во текот на спиењето мозокот ги парализира мускулите, а по будењето тие се стегаат што создава чувство на паѓање односно лебдење. Можна е и парализа која трае подолго па иако е буден човек не може да се помрдне. Ова пореметување може да биде застрашувачко, но е практично безопасно.
Мозокот е најактивен
Иако спиењето се поврзува со мир и со одмор, во текот на сонувањето мозокот е еднакво активен како во будна состојба. Освен тоа, пулсот се забрзува, додека остатокот на телото привремено се парализира.
Соновите се најчесто негативни
Соновите се почесто негативни отколку позитивни. Најчесто предизвикуваат чувство на лутина, страв и тага со тоа што се негативните емоции поприсутни во машките сонови. Главни ликови во нив во 70 отсто од случаите се мажи, додека жените ги сонуваат подеднакво и двата пола.
Црно-бел свет
Не сонуваат сите луѓе во боја. Речиси 12 отсто од нив сонуваат во црно-бело.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *