Што значи изненадното течење на крв од носот? Што треба да направите?

Црвената боја обично преставува опасност, па така течењето на крв од носот или крв во мокрачата го вклучува алармот за страв дека нешто се случува во вашиот организам. Дури и ако се работи за неколку капки крв, во вашата глава веднаш се вклучува „малото страшно човече“, кое апелира на влошена здравствена состојба.
 
Меѓутоа, во многу случаи нема место за паника бидејќи овие проблеми можат да се решат без одење на лекар. Честопати забележувате по неколку капки крв на шамивчето или пак, наеднаш почнува да ви тече крв од носот.
Што се случува?
Таквото крварење на носот често преставува последица на алергии, настинка или синузитис. Но, и загадениот и сув воздух, топлината можат да да ја направат носната слузница пречуствителна. Сепак, причините можат да бидат и од хормонална природа, на пример ако сте женско и ако ви се приближува денот за менструација. Постојат и други причини за овој проблем.
Ако имате повеќе од 50 години, течењето на крв од носот, може да преставува покачен крвен притисок.

Што треба да направите? 
Издувајте го носот за да може да излезе згрутчената крв, потоа наведнете ја главата напред, за да не се случи да голтнете од крвта бидејќи тоа може да предизвика повраќање. За да го спречите крварењето на носот, употребете го палецот и показалецот и држете го носот притиснат три минути.

Потребно е со лед или со ладна вода да го освежите челото. За да не се повтори, не е на одмет да одите на лекар и да ги исклучите од игра болестите како висок крвен притисок, болести на крвта, коагулациски проблеми или болести на црниот дроб.

moezdravje.com

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *