Што ако сепак не се најде вакцина за коронавирусот?

Додека земјите ширум светот страдаат од ефектите на рестриктивните мерки наметнати од коронавирус пандемија, многу официјални претставници ги зголемуваат очекувањата на јавноста дека ќе се развие вакцина КОВИД-19 – но што ако не се случи тоа никогаш?

Ова би значело дека луѓето би требало да научат да живеат со коронавирусот – во согласност со препораките на експертите, карантинските мерки во моментот кои се на сила ќе бидат претпазливо укинати и постепено ќе се враќаат некои од слободите што инаку би биле дел од секојдневниот живот.

Сепак, тестирањето за вирусот и следење на заразените контакти, исто така, ќе стане дел од нашите животи на краток рок, а во многу земји, ненадејно враќање на самоограничување би било можно во секое време.

Дури и да се развијат лекови, не би можеле да спречиме повторна појава на епидемии без вакцината.

“Сè уште нема вакцина. Не можеме да направиме апсолутна претпоставка дека вакцината ќе се појави воопшто или дека ако се случи, ќе ги помине сите тестови за ефикасност и безбедност”, изјави Дејвид Набаро од лондонскиот империјален колеџ за Си-Ен-Ен , кој исто така е Специјален претставник на Светската здравствена организација за пандемијата на котронавирусот.

Затоа, општеството мора да биде подготвено постојано да се брани од вирусот, но и за продолжување на социјалниот и економскиот живот, според овој експерт.

Сепак, повеќето експерти се убедени дека вакцината КОВИД-19 ќе биде, бидејќи вирусот не мутира брзо, а некои очекуваат тоа да се развие за година до година и половина, иако досега нема вакцина развиена во толку краток рок.

Дури и ако вакцината никогаш не дојде, тоа не би бил првиот ваков случај, посочува тој за Си-Ен-Ен, потсетувајќи дека, на пример, човештвото чека вакцина против ХИВ речиси четири децении…

Фото: profimedia

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *