Штип: Работници во текстилна фабрика пиеле вода од буриња

Најмалку пет години 170 работници од текстилна фабрика во Штип пиеле вода од пластични буриња и од заедничка чаша врзана за бурето. Во фабриката, која е сопственост на турски бизнисмени има и водоводна мрежа, но водата е техничка, па работниците можеле да бираат дали да пијат техничка, или вода од градскиот водовод, но во буриња.

Скандалот по толку многу години на виделина излегува сега, но во меѓувреме, пред околу 2 недели, ЈП Исар во оваа фирма инсталирал водоводна мрежа низ која тече вода од градскиот водовод.

Инаку, истата фирма е странска инвестиција, но со третманот на работниците веќе неколкупати е мета на големи јавни критики но и честа посета на инспекциите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *