Штип: Змија влегла во паркиран автомобил

Метлите, стаповите и чукањата не беа доволни, за штипјани денес да ја извадат змијата која влегла во паркиран автомобил во центарот на градот.
Според очевидци, змијата со големина од околу 60-тина сантиметри, се појавила точно на овој паркинг, и додека тие успеале да реагираат, таа се сокрила во внатрешниот дел на еден од автомобилите.
Инаку, присуството на змии во Штип не е непозната работа, но досега тие не се забележани во центарот на градот, па претпоставка е дека таа овде е донесена од место со бујна вегетација:
Веројатно овде е донесена од Иасрот, таму има многу змии, смета жител на о. Штип.
И покрај сите напори, сопственикот на автомобилот и граѓани, змијата не успејаа да ја извадат, надвор, па веројатно е во случајов ќе интервенира и автомеханичар.
Инаку, од почетокот на мај, во Штипоската болница се примени двајца пациенти како последица на каснување од змија. Станува збор за пациенти од Радовиш кои блиска средба со влечугата имале на поле.
Во моментов, во болницата има доволни количини на серум против змиски отров, а лекарите предупредуваат на внимателност , а во случај на укасување од змија, граѓаните сами да не преземаат ништо, туку веднаш да побараат лекарска помош.

Извор: СтарТВ – Штип

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *