Штетно по здравјето е пиењето вода оставена да отстои во отворен сад

Застојаната вода е штетна по здравјето

Њујорк, 21 февруари 2017

Водата која преку ноќ е оставена во чаша или отворено шише, не треба да се пие, велат научниците

Освен тоа што поради изложеноста на зрачење се менува нејзиниот хемиски состав и Пе-Ха вредност, во таквата вода се собираат честички од прашина, бактерии и таа станува нездрава за пиење, а најверојатно сте забележале дека водата која стои во чаша долго време има и друг вкус.

Исто така, ако порано е пиено од таа чаша и бактериите од плунката сега се наоѓаат во водата, пишува магазинот „Хелти анд Нечурал Лајф“.

Ако до сега сте имале навика да пиете таква вода, не мора да ве фаќа паника, но секако би било подобро да се чува во затворено шише или едноставно наутро ставете нова вода во чашата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *