Шпанецот Раул Гонзалез е нов стратег на националниот ракометен тим на Македонија

Нов предводник на „црвено-жолтите“ ќе биде шпанскиот стратег на македонскиот ракометен шампион, Руал Гонзалез, кој од комисијата при РФМ е предложен како најповолен кандидат. Овој предлог го соопшти директорот на репрезентација, Милчо Чакаревски, а беше едногласно потврден од сите членови на Управниот одбор. Шпанецот потпиша договор со РФМ до 2020 година и ќе го преземе циклусот од Червар.

Раул Гонзалез напоредно ќе ја извршува функцијата селектор и тренер на Вардар, а ќе дебитира следниот месец на двомечот со Исланд. Раул Гонзалез со Вардар самостојно ја почна својата тренерска кариера, а претходно беше помошник на Талант Душебаев во Сиудад Реал и Атлетикио Мадрид.

Младиот Шпанец за цел има да ја однесе Македонија на Европското првенство во Хрватска. Стручниот штаб на новиот селектор ќе биде познат во наредните неколку часа, а од 13.00 часот на официјална прес-конференција ќе биде претставен новиот предводник на националната селекција.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *