Шокантно: За средношколките во Македонија шлаканица и кубење за коса не е насилство од партнерот

Младите веруваат во љубов но не го препознаваат насилството во врска .За девојките  на адолесцентна возраст шамарот од дечкото и влечењето за коса преставува  внимание а не насилство, контролата што врз некои од нив ја вршат повозрасни партнери како што е следење на профилот на фејсбук контролирање на телефонот или пак излегување и нарачување пијалок од страна на партнерот е нормална работа. Ова се дел од резултатите на истражувањето што го спроведоа Младинскиот совет Охрид, АМОС од Битола и Фокус од Ресен, пренесе Сител.

Некои од девојки се покажало дека првите сексуални контакти ги имале на 12 години и тоа најчесто со повозрасни партнери а за сексуалното однесување  се запознавале  од интернет наместо да читаат литература.

Инаку целта на истражувањето е да се испита јавното мислење на младите во однос на насилството во врска ,сексуалноста и сексуалното однесување во кое биле опфатени

1.200 млади лица од 1 до 3 година од Битола, Охрид и Ресен.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *