Шефот на Amazon е најбогатиот човек на светот. Секоја секунда заработува по 250 долари

Шефот на Amazon е најбогатиот човек на светот

img

Акциите на Amazon скокнаа за 2,6% за Black Friday, што значи дека достигнаа неверојатна вредност од 1.186 долари. Џеф Безос, основачот и најголемиот акционер на компанијата, стана првата личност во модерно време, чие богатство надмина неверојатна цифра од 100 милијарди долари.

Оваа година и досега беше успешна за Amazon, со што Безос во минатиот месец го надмина Гејтс по втор пат и автоматски се издигна на првото место на списокот на најбогати личности на светот. Поради Black Friday, нарачките преку Amazonпораснаа енормно, по што цената на акциите порасна и така Безос доби вредност на акциите со над 100 милијарди долари. Освен тоа, Џеф има и удели во ракетната компанија Blue Origin, кој тежи 3 милијарди долари, а пред неколку години го купи и The Washington Post за 250 милиони долари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *