Шест месеци казна од плата за професорот кој натера ученик да решава во име на својот син

Кратење по 15 проценти од плата во рок од шест месеци е вкупната казна која од страна на неготинската гимназија е изречена на професорот кој натерал ученик на натпревар да решава во име на својот син, кој во тоа време бил на екскурзија надвор од државата.

Како што потврдија за МИА од училиштето, дисциплинската комисија формирана за овој случај и составена од тројца членови и нивни заменици, сите професори, одлучила професорот да се казни со одземање на 15 отсто од плата во рок од три месеци.

„Но, тоа беше одлука на Комисијата која одлучуваше врз основа на расположливите податоци само за овој случај, а директорот имаше право да ја прифати таа одлука или да ја дополни. Бидејќи согласно на закон последната одлука околу казната е на директорот, кој пак имаше предвид дека истата личност е казнувана и лани, кога имаше писмена опомена и одземање на класно раководство, па веќе не може да помине со најблагата казна, тој одлучи казната да биде 15 проценти од плата, но во рок од шест месеци. Така е според правилниците според кои се раководеше“, изјавија од училиштето за МИА.

Инаку, професорот од Неготино наместо своето дете од трета година, на државен натпревар однесе дете од четврта. Матурантот освои трето место. Реагираа родителите на матурантот, а за случајот беа известени и просветен инспектор и полиција.

Извор: РАДИОМОФ.МК

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *