Шампионот Бошко Стаменковски ја потврди доминацијата на првенството во Сврљаг, Србија

Бошко Стаменковски од Македонска Каменица, многукратен балкански, европски и светски шампион во “пауер лифтинг” доминираше на SVRLJIG OPEN BENCH KLASIK првенството кое викендов се оддржува во соседна Србија.

Со кренати 130 кг го освои првото место на “бенч” во категорија до 74 килограми, а кон оваа титула Стаменковски ги додаде и првото место во мастер и апсолутен мастер во сите натпреварувачки категории на првенството во Сврљаг. Со тоа Бошко Стсменковски успеа да ја потврди повеќегодишната доминација помеѓу натпреварувите до 74 килограми.

Првенството во Сврљаг (Србија) е со долгогодишна традиција, на кое учествуваат натпреварувачи од сите балкански и повеќе европски земји. Гостин на меѓународното првенство оваа година беше и амбасадорот на Русија во Република Србија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *