Чистење на речното корито од Каменичка река

12.XII.2017 kamenica.mk

Чистење на речното корито од Каменичка река

Вработените во ЈП Камена Река од минатата недела започнаа со активност на чистење на коритото на Каменичка река од нанесените наноси и талог кои го стеснуваат коритото, а со тоа реката добива забрзување кое ги поткопува страните и бреговите на коритото. Во оваа активност беше вклучена крупна механизација се со цел побрзо и поефикасно расчистување на речното корито на Каменичка река. Оваа активност ќе продоли и во наредните денови се до целосно расчистување на коритото, а истата заедно со други активности ќе прерасне во редовна пракса и активност на ЈП Камена Река.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *