Четврти „Денови на дијаспората“ во Еленец, Македонска Каменица

Еленец кај Македонска Каменица повторно ќе ги собере иселениците од регионот на четвртите по ред „Денови на дијаспората“.

Како што истакна денеска на прес-конференцијата Гоце Стојановски, директор на КИЦ „Романса“ од М. Каменица, на туристичкиот комплекс Еленес се очекува да се соберат стотици иселеници, а од оваа средба да се изродат и идни инвестиции на иселениците во родната Каменица.

-Општина М. Каменица и КИЦ „Романса“ неколку години со ред ја организира традиционалната иселеничка средба „Деновите на дијаспората“, која оваа година ќе се одржи на традиционалното место, туристичкиот комплекс Еленец кај сеото Цера во М. Каменица на 12 август со почеток во 10 часот. Манифестацијата претставува можност за меѓусебно запознавање на иселениците, но и можност нивната визија да ја слушнат претставници од државата и од општините, истакна Стојановски.

Тој додаде дека на иселеничката средба ќе бидат поканети градоначалници од повеќе општини од регионот, но и претставници на општини од европски земји, каде што има македонски печалбари.

-На манифестацијата ќе бидат поканети гости од повеќе градови од Македонија, како и претставници од општини од Република Италија,Синдикатот за агрикултура од дијаспората. Очекуваме сите присутни да се запознаат со потенцијалите за инвестиции во регионот, условите кои ги нуди Општината за идните инвеститори, истакна Стојановски.
Тој најави дека е организирана и богата културно-уметничка програма, а на бината на отворено на Еленец ќе настапат повеќе културно уметнички друштва и македонската естрадната ѕвезда Ефто Пупiновски.

Според евиденцијата на Општината, над илјада семејства од Каменица се на печалба по Италија, Словенија, Германја, но и Австралија и Америка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *