Честитка на градоначалничката Соња Стаменкова по повод празникот Свети Кирил и Методиј

Македонска Каменица, 24. Мај 2019 година – Градоначалничката на општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова на сите граѓани им го честита 24-ти Мај – Денот на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј. Воедно на сите ученици, просветниот и наставнички кадар при ООУ „Св. Кирил и Методиј“ им го честита патрониот празник на училиштето и Денот на просветните работници. Во честитката од градоначалничката Стаменкова се вели:

Почитувани сограѓани,

Со посебно задоволство Ви го честитам денешниот празник на македонските и сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј.
Значењето на вонвременското дело на светите браќа Кирил и Методиј и денес, од оваа временска дистанца ја покажува непроценливоста на нивната благородна просветна дејност, со која нашиот народ заедно со останатите словенски народи се приклучија кон духовниот и културен растеж на европската цивилизација. Создавањето на првата словенска азбука- глаголицата, претставува чин од непроценливо значење за иднината на македонскиот и сите словенски народи. Творењето на јазик и азбука разбирлива за народот, историски придонесе за огромен духовен и културен напредок на словенските народи. Заради нивната света мисионерска дејност на ширење на христијанските вредности меѓу паганските народи, денес со посебен пиетет, светите словенски браќа Кирил и Методиј, ги спомнуваме како неизбришлив споменик и темел на европската духовност и култура.
Оваа прилика, во спомен на нивното неизбришливо дело, сакам да ја искористам да го честитам Денот на сесловенските просветители и патрониот празник на учениците, просветно-наставничкиот кадар и вработените при ООУ “Св. Кирил и Методиј” во Македонска Каменица, со желби за успех во иднина.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *