Чествување по повод 150 години од раѓањето на Гоце Делчев во Дом на култура – Македонска Каменица

Во чест на 150 годишнината од раѓањето на македонскиот великан Гоце Делчев, КИЦ Романса – Македонска Каменица во соработка со ООУ „Св. Кирил и Методиј“ и СОУ „Миле Јаневски Џингар“, организира настан кој на 04.02.2022 година, ќе се одржи во Домот на култура со почеток од 12:00 часот.

„Настанот, покрај рецитали и воведни обраќања до присутните, опфаќа литературно читање на творби и дела за ликот и делото на Гоце Делчев. Во рамки на пригодната програма подготвена од страна на учениците од основното и средното училиште, ќе биде прикажан и краток документарен филм за македонскиот револуционер и учител, Гоце Делчев“ – изјави Гоце Стојановски, директор на КИЦ Романса Македонска Каменица

Гоце Делчев (1872 – 1903) е еден од најголемите револуционери во историјата на македонскиот народ, еден од лидерите на Тајната Македонско – Одринска Револуционерна Организација (ТМОРО), подоцна на Рилскиот конгрес 1905 преименувана во Внатрешна Македонско – Одринска Револуционерна организација.

Организаторите и учесниците во програмата, ги известуваат посетителите дека настанот ќе биде спроведен според строго придржување кон Ковид протоколите пропишани од МЗ и КЗБ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *