ЦРНОГОРКАТА СНЕЖАНА АЛЕКСИЌ ПРВО МЕГА ЗАСИЛУВАЊЕ ВО БАСКЕТ КАМ ЗА ОДБРАНА НА ДВОЈНАТА КРУНА И СИЛЕН УСПЕХ ВО ЕВРОПСКАТА WABA ЛИГА

ЖКК Баскет Кам од Македонска Каменица започна да ја плете мрежата околу формирањето на тимот кој ќе ја одбрани двојната круна и екипата која достојно ќе ја претстави Македонска Каменица во натпреварите од WABA лигата.

Во таа насока, клубот од Македонска Каменица кој доминира во македонската женска кошарка Баскет Кам, се договори со црногорската репрезентативка Снежана Алексиќ.

Кошаркарката која игра на бековските позиции доаѓа од тимот на Монтана од Бугарија. Во својата професионална кариера Алексиќ ја почнала на 16-годишна возраст во тимот на Будуќност, а потоа играла во Хрватска, Грција, Русија, Турција, Унгарија, Швајцарија, Шпанија и Аргентина пред да ја засили Монатана.

Покрај сето ова, Алексиќ има настап на шест европски првенства со црногорската репрезентација, вклучувајќи го последното што се одржа минатиот месец во Франција и Шпанија.

„Преку ангажманот на црногорската кошаркарка, почнуваме со составување на тимот кој претстојната сезона не само што ќе се обиде да ја одбрани двојната круна во македонската кошарка, туку и ќе дебитираме со силен резултат и во ВАБА лигата“, – изјавуаат од управата на шампионот во македонската женска клубска кошарка.

Од клубот најавуваат уште неколку силни засилувања од домашната кошаркарска сцена и силни засилувања со звучни кошаркарски имиња од балканските простори. За следната сезона, како што велат од клубот, акцентот е ставен на континуитет во растот на клубот, создавање на основа за продолжување за успесите и доминацијата во домашното првенство, но и силен успех како дебитантска екипа во меѓународните натпреваруања.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *