Цивил: Полицаец во Кочани играл оро во (из)вонредна состојба!

Мониторинг тимот на ЦИВИЛ прими пријава, фотографии и видео материјали од граѓански новинар на кои се гледа полициски службеник во униформа и со службено оружје, како игра оро на една семејна прослава во Кочани.

Според сведочењето на граѓанскиот новинар, поткрепен со фотографии на кои има датум, настанот се случил пред една недела, на 29 мај. На социјалните мрежи материјалот бил објавен на 2 јуни, а избришан е денеска попладне, откако се појавија информации за случајот.

 

„На снимките може да се забележи полицискиот службеник, наместо да се грижи за почитување на мерките за заштита од коронавирусот, се фатил на оро, среде вонредна состојба за борба против коронавирусот. Никој од присутните не носи заштита, не држи дистанца, како ни веселиот и разигран полицаец“, се вели во извештајот кој ја цитира пријавата на граѓанскиот новинар кој овој материјал.

Идентитетот на полицаецот му е познат на мониторинг тимот. Во меѓувреме, беа испратени прашања до МВР, каде што е испратен и целосниот материјал. Поставени се неколку прашања што произлегуваат од овој материјал кој сведочи за скандалозно однесување на униформиран и вооружен полициски службеник среде коронавирус кризата. Проверката на идентитетот на развеселениот полициски службеник е дел од прашањата до МВР. Материјалите што се објавуваат овде се обработени на тој начин што се штити идентитетот на сите инволвирани.

Според сведоштвото од граѓанскиот новинар, полицискиот службеник е и активен член на една политичка партија.

Мониторинг тим на ЦИВИЛ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *