Грчките медиуми и социјалните мрежи пренесуваат шокантни глетки од борбата со огнената стихија во Атина.
Најновите информации зборуваат за најмалку 60 загинати, пренесува Скаи ТВ.
Грчките медиуми пренесуваат шокантна глетка од одморалиштето Мати каде во близина на една карпа, спасувачките екипи пронашле се 26 тела. Се верува дека жртвите трагично загинале обидувајќи се да побегнат од огнот и да се спуштат во морето, но за жал останале заробени на карпата над морето.
Градоначалникот на Рафина, Евангелос Бурнис изјави дека досега се пронајдени телата на 26 лица, меѓу кои имало и мали деца, но неофицијалните извештаи наведуваат дека има преку 30 загинати.
Бурнус изјави дека стравува оти бројот на жртвите е ќе биде поголем од моменталниот.
Селото Мати во целост е збришано од пожарот, а повеќе од илјада куќи и 300 возила се уништени.
Турски новинар кој летал над Атина снимил видео кое ги покажува сите размери на драматичните пожари кои ја зафатиле источна Атика, недалеку од Атина.
Потсетуваме, повеќе од 10 пожари на три фронта од синоќа беснеат на подрачјето на Атина.
Спасувачите од минута во минута наоѓаат нови жртви на улиците, во автомобилите, куќите, Досега има 74 загинати и околу 150 повредени.