ЈП „Камена Река“ веќе започна со цветно-декоративно уредување на централното градско подрачје. Се засадуваат цвеќиња од сопствените расадници, се уредуваат зелените површини и континуирано се врши оддржување на урбаната опрема.
Последниве неколку години, најинтересен цветен аранжман е „цветната куќичка“ која повторно е поставена деновиве, во дворот на СОУ „Миле Јаневски Џингар“.