Цветановски: ЖКК Баскет Кам пишува нова клубска историја

Цветановски: Испишавме историја, против Бадел ќе одлучи инспирацијата и желбата

Баскет КАМ испиша историја во македонската женска кошарка откако по триумфот над Вардар од 95-59 во полуфиналето од Купот на Македонија стана еден од учесниците на самата завршница во ова натпреварување. Составот од Македонска Каменица имаше целосна контрола на денешниот натпревар, водејќи од првата до последната минута и сосема заслужено закажа финален дуел против Бадел 1862.

По натпреварот тренерот Јордан Цветановски не го криеше задоволството од постигнатиот успех и се осврна кон финалниот натпревар.

„Голема благодарност до Кошаркарската Федерација за организацијата на овој турнир во вакви тешки и специфични услови. Би им честитал на четирите екипи за ферплеј играта. Ова за нас е најголем успех во историјата на клубот па затоа оваа победа ни е од огромно значење. Се надеваме на добар натпревар во утрешното финале и дека ќе го покажеме целиот наш квалитет кој го поседуваме. Бадел е многу квалитетна екипа, најтрофеен клуб во Македонија. Мислам дека утре ќе ’решава’ моменталната инспирација и желба за победа и за освојување на Купот“, изјави тренерот на Македонска Каменица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *