Хуманитарен новогодишен базар на СОУ „Миле Јаневски Џингар“

Утре (22.12.2017), во училипниот двор, а во организација на СОУ „Миле Јаневски Џингар“ ќе се оддржи хуманитарен новогодишен базар.

На новогодишниот базар ќе бидат изложени новогодишни украси изработени од учениците во средното училиште и децата со посебни потреби од Македонска Каменица. Украсите ќе се продаваат по промотивни цени, а собраните средства ќе бидат донирани во хуманитарни цели.

Ваков базар ќе се оддржи и наредниот петок (29.12.2017), а во него учество ќе земат и ООУ „Св.Кирил и Методиј“ и ЈОУДГ „Бамби“. Настаните се организираат со поддршка од општина Македонска Каменица.

Организаторите ги покануваат сите граѓани активно да се вклучат и да учествуваат во хуманитарната акција.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *