Хрват на Интернет си го продавал детето за 270 евра

Филмска акција се одвивала во Хрватска откако на еден портал е објавен оглас дека таткото го продава своето петгодишно дете за 270 евра. Со огласот била објавена и фотографија од детето.

Во домот на таткото во едно подравско село упаднале припадници на полицијата и тим од Центарот за социјални работи, пренесуваат хрватските медиуми. Полицијата за огласот ја известиле администраторите на огласникот, по што следувала акцијата.

Од Центарот за социјална работа информирале дека е покрената судска постапка против таткото. Тој бил приведен, а детето било сместено во друго семејство. Таткото добил кривична пријава за трговија со луѓе и повреда на правата на детето. Тој се бранел дека фотографијата и огласот ги поставил случајно и дека немал намера да си го продаде детето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *