Сите лекови имаат свои карактеристики, потребна доза која не треба да се надминува, како и компатибилност со други лекови и храна.
Па, како што знаете дека антибиотикот не треба да се меша со алкохол, така постојат уште неколку комбинации на лекови со храна и пијалаци, кои не се препорачуваат.
Некои од нив не треба да ги мешате заради лоши последици врз стомакот и создавање бактерии, други заради намалување на ефектот од лековите, а трети заради влошување на ефектот и негативни последици.
Секако, добро е секогаш да се консултирате со вашиот доктор за ова, но би било добро да ги избегнувате следниве комбинации:
Антибиотик + оцет
Антибиотик + газирани пијалаци
Лекови за алергии + сокови
Лекови за кашлање + цитрусно овошје
Парацетамол + алкохол во првите 6 часа
Аспирин + сок од портокал или зачинета храна
Диуретици + банана или лисести зеленчуци
М. М. | Црнобело