Хидројаловиштата во Источна Македонија кријат ретки и скапи метали

28 јули 2018 (МИА) – Старите хидројаловишта во источна Македонија се потенцијални рудници. Научната фела забележува дека едно од нив, големата површина на самиот влез во Пробиштип обрасната со трска, во кој се депонирала јаловината по процесот на обработка, а која поминувала низ погоните во флотација наместо да стои како потенцијална еколошка бомба на државата може да и донесе и солиден приход.

Познатиот геолог Теодор Серафимовски од Природно-техничкиот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип забележува дека старите, но и постојните хидројаловишта освен примарната руда олово, цинк, бакар, злато или сребро во себе кријат и други метали, кои на берзите достигнуваат високи цени.

Тодор Серафимовски- геолог

-Хидројаловиштата во нашата научна и едукативна смисла претставуваат техногени наоѓалишта, што значи дека тие имаат и одредена економска вредност. Тие и те како ќе преставуваат предмет на концесија. Но сето тоа мора законски да се регулира во рамки на Република Македонија, за подоцна да не дојде до некоја забуна, вели Серафимовски.

Хидројаловиште Пробиштип

Жителите на истокот и североистокот, каде се наоѓаат четири најголеми рудници во земјава знаат што значи хидројаловиште. Но, за оние кои досега немаат посетено рудник да појасниме дека хидројаловиштата се всушност вештачки езера, односно акумулации, во кои се депонира отпадот од преработената руда, која се нарекува јаловина. Секој рудник има рудно тело, во кое со помош на современи дупчалки, рударски багери се ископува рудата од окното без разлика дали е површински или подземен коп, потоа со неколку тонските камиони, кои се нарекуваат дампери рудата се пренесува на дробење, а која понатаму поминува во погонот флотација. По преработката на рудата, која како концентрат се транспортира во топилниците во Бугарија, остатокот, односно отпадот од погонот флотација како хидројаловина се депонира во овие вештачки акумалции или хидројаловишта.

Бучим-рудно тело

Во земјава има вкупно четири хидројаловишта: на рудниците за олово и цинк „ Злетово“ во Пробиштип, кое е каскадно и најстаро, потоа на „Тораница“ во Крива Паланка, „Саса“ во Македонска Каменица и на единствениот рудник за бакар и злато „Бучим“ во Радовиш , кое и најголемото по површина.

Старото хидројаловиште во Пробиштип најистражувано од странските компании

Дампер рудник

Старото хидројаловиште кај Пробиштип е една од седумте жешки еколошки точки во земјава. Ревитализацијата на ова старо хидројаловиште, кое пред неколку децении направи и неколку еколошки хаварии, но и кое се уште предизвикува загадување на воздухот, почвата и на подземните води ќе чини околу 4,8 милиони евра. Локалната власт нема пари за да го реши ова еколошко жариште и затоа централната власт го презеде овој проект. 40 години во него не се депонира олово-цинковиот отпад од рудникот Злетово. Но, ваквите тивки загадувачи, според научната фела претставуваат неискористено рудно богатство, кај нас засега не се интересни, а кај странските компани предизвикуваат интерес за експлоатација. Прималиви им се ретките метали како што се индиумот, галиумот и германиумот.

– И во најсовремените рудници јаловиштата се продуцираат и ден денес. Зошто? Затоа што и во тие најсовремени рудници повторно таргетот е на основните метали. Во нашиов случај во олово-цинковите таргетот секогаш е олово, цинк и сребро. Меѓутоа тополниците, каде што се носат нашите концентрати, во последно време во Бугарија, порано се носеле во Словенија, се носеле во Трепча, некои концентрати се и извезувале многу подалеку. Знаете основната е да добијат валоризација тие неколку метали. Меѓутоа, има јавни податоци дека од концентратите што се однесени во тие топилници, во пооделни метарлушки центри, се екстрахирани и до 17 елементи, што е бројка на елементи што останала нетретирана во јаловината. За жал нашите хидројаловишта се само повремено третирани, вели Серафимовски.

Тој забележува дека прво третирано хидројаловиште од експериментален аспект е токму старото хидројаловиште на рудникот „Злетово“.

Хидројаловиште Пробиштип

-Таму има и неколку дупчотини. Тие дупчотини наменски биле правени, првин од аспект што е тоа што се содржи од еколошки аспект во тие јаловини, но и што е тоа што како комерцијално, што евентуално би можело да се користи. Морам да ви кажам дека заслужуваат внимание и не случајно во последните неколку години, сметајте дека зборувам и за десетина години, каде што во последните дестина години има и малку поголем интензитет на интерес од странски компании за евентуално валоризирање на поедини елементи или метали, кои што се содржини во тие јаловини. Најекспонирани во тоа се кинеските компании. Меѓутоа, тие кинески компании носат британски и американски експерти. Лично сум бил во јаловиштата во Злетово, сме земале примероци, ги анализиравме. Некои податоци се интересни, вели Серафимовски.

Научните студии покажуваат дека хидројаловиштето кај Пробиштип крие галиум, индиум, германиум, а како што вели Серафимовски има и сет на ретки метали. Токму за науката, која постојано се развива се интересни овие ретки метали.

Флотација-преработка на руда

-Знаете каков е сега интересот за еден литиум, за еден кобалт, каде што, ако тоа се постави како прашање на дневен ред, тогаш се враќаме и интересот ќе биде голем и на отпадните материјали околу Фени индустри. Така да постојат многу големи да кажам предизвици во тие наши хидројаловишта. Во последно време има и еден друг тренд, каде што бучимското хидројаловиште покрена еден голем интерес од аспект на грантови, кои ги доделуваат Европската унија за државите од Западен Балкан, лидер е таму Словенија. Но, факт е дека се става акцентот на хидројаловиштата од аспект на валоризација на се што има таму, вели Серафимовски.

Според истражувањата доколку хидројаловиштата се експлоатираат, односно се искористат ретките елементи, остатокот може да се искористи и како градежен материјал.

Бучим-рудно тело

-Кога сме кај бучимската хидројаловина, ние знаеме дека таму искористувањето на златото е некаде нешто над 50 отсто. Значи со сите максимални желби и можни технологии, сепак, добар дел од златото заминало во хидројаловината. Меѓутоа покрај златото , еден дел заминал и од бакарот, среброто, заминал комплетно молибденот. Беа регистрирани и мали содржини на платиум, платинудиди, родиум, исто се карактерични и селен, ирениум и сето тоа се елементи, кои ние очекуваме дека во хидројаловината ќе преставуваат интерес за евентуални идни доистражувања, а се надеваме и валоризации, рече Серафимовски.

Бучим рудник

Во изминатите неколку години и локалната власт, но и од Министерството за животна средина и просторно планирање најавуваат дека има заинтересирани инвеститори за експлоатација и санирање на старото хидројаловиште во Пробиштип, се споменуваа и кинески, а во поново време и германски компании. Но, се останува само на разговори, а не и на конретно решение за оваа рударска депонија, за која се потребни големи средстства за да тивко не ги загадува водата, почвата и воздухот.

Градоначалникот на Општина Пробиштип, Драган Анастасов за МИА вели дека во интерес на здравјето на луѓето, како локална власт ќе побараат да биде затрупано старото хидројаловиште

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *