Фолклорен ансамбл од Белица, Бугарија специјален гостин на „Каменичко Културно Лето 2018“

На покана на општина Македонска Каменица и Културно-информативен центар „Романса“, Фолклорниот ансамбл за народни песни и танци при Народно читалиште “Георги Тодоров-1885” од Белица, Бугарија ќе биде специјален гостин на десетото „Каменичко Културно Лето“. 

Настапот на овој бугарски фолклорен ансамбл е закажан за 26-ти август и е во насока на продлабочување на културната соработка помеѓу двете збратимени општини кои во изминатиот период заеднички реализираа неколку проекти во интерес на граѓаните.

Соработката ќе продолжи и во иднина и веќе се најавени уште неколку заеднички активности кои се утврдени помеѓу градоначалниците на двете општини Соња Стаменкова и Радослав Ревански.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *