ФК САСА поразена од ФК Пирин во Благоевград со 1:0

 

Македонска Каменица 30.06.2018 – ФК Каменица Саса денес го одигра привиот пријателски натпревар во летниот подготвителен период. ФК Каменица САСА се врати со минимален пораз од Благоевград, Бугарија каде со 1:0 беше поразена од екипата на ФК Пирин.

Во изедначен натпревар, во кој шефовите на двата стручни штаба им дадоа шанса на повеќе фудбалери од сите позиции. Екипата на Пирин Благоевград искористи една шанса и извојува победа со 1:0. Натпреварот се одигра без резултатско значење и беше почетен натпревар во подготвителниот период од претстојната сезона во Втората Македонска Фудбалска Лига.

*информациите користени за текстот се преземени од официјалната фејсбук страна на ФК Каменица САСА – Македонска Каменица

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *