ФК Каменица- САСА со пораз на домашен терен ја започна новата сезона

Македонска Каменица 18.08.2018 година- Започна првенството од Втората фудбалска лига на Македонија. Во првото коло од првенството, екипата на Каменица САСА е поразена на домашен терен од екипата на ФК Партизан од Обршени со 2:3 (2:1).

Веќе во осмата минута од натпреварот помеѓу ФК Каменица- САСА и ФК Партизан, дел од првото коло на Втората македонска фудбалска лига, Бојан Иванов (9) по убаво нафрлање од левата страна, го постигна водечкиот гол за домаќините.

Во 21минута, од пенал Зоран Златковски успеа да зголеми на 2:0. Пеналот беше досуден заради остар старт врз Златковски, кој беше соборен во шеснаестерецот на гостите.

По една мешаница пред голот на ГК Каменица- САСА и конфузија во редовите на домаќините, ФК Партизан од Орешани, успеа да намали на 2:1 по еден изненаден шут на одбиена топка, на само 4-5 од голот.

Вториот дел беше сосема различен во играта на домаќините. Како да им беа доволни двата постигнати гола и играта ја темелеа игра на средината без конкретни акции по противничкиот гол. При ваквата игра, гостите мудро искористија уште една своја шанса и успеаа да постигнат гол за израмнување. Фудбалерите на Саса иако пробуваа да го вратат изгубеното водство од првиот дел не успеаа да постигнат победоносен погодок.

Во 90 минута комплетен пресврт во играта и резултатот. Гостите после анемично одиграното второ полувреме, во последните минути од натпреварот успеаа да постигнат водечки гол за конечни 2:3.

Присутната публика на градскиот стадион во Македонска Каменица си замина разочарана и со револт и неверување ги испрати кон соблекувалните по завршувањто на натпреварот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *